20 февруари, 2014

Акробации во новиот видео запис на Сара

Акробации и free-running се само дел од интересните моменти со кои изобилува видеото на Сара Маркоска за нејзиниот нов сингл „Private Show” што го работеше Александар Ристевски Принц. Секси сцени кои Сара ги игра според кореографија на Јана Андреевиќ се исто така дел од спотот за песната која е авторско дело на Зоран Алексиќ, со текст на Рената Кралевска.

Синглот и видео записот ќе бидат интернационално издадени во текот на месецов од страна на Sky Eye Entertainment во соработка со најголемите европски и американски издавачи и дистрибутери. Како изгледа „Приватното Шоу“ на Сара можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑