10 јануари, 2017

„Ако одам во Битола“ доби уште една одлична преработка

Покрај „Битола, мој роден крај“, уште една песна може слободно да се нарече химна на градот на конзулите, а тоа е „Ако одам во Битола“. Авторското дело на Петар Георгиев – Калица во изведба на октетот „Македонија“, публиката првпат го слушна на фестивалот „Валандово“ во 1989 година, a подоцна ја препеаја и Тоше Проески, Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски и многу други.

Битолска екипа застана и зад најновата преработка на овој евергрин, овој пат во малку поинакво руво, аранжирано од Давор Неќак, а во изведба на талентираната Тамара Стојковска, во придружба на оркестарот при државното музичко училиште од Битола, под диригентската палка на Магдалена Кочоска. Песната се снимаше во студиото „Фрезенк“, а за видеото се погрижи продукцијата „ДримКаст“.

Целата екипа што учествуваше во реализацијата на проектот Ве очекува во продолжение, а како изгледа и звучи нивната верзија на „Ако одам во Битола“ можете да погледнете горе. Уживајте!

Аранжман и пијано – Давор Неќак
Диригент – Магдалена Кочоска
Флејти – Ангела Димковска, Кристина Љушкоска
Кларинети – Виктор Зеканович, Дарко Савески
Виолини – Марио Робе, Ивана Ристеска, Бајрам Рамаданоски, Леонид Неде Гогов
Виоли – Мартина Зеканович, Елена Тефова
Виолончела – Филип Нечковски, Даниела Радевска
Контрабас – Андреј Јовановиќ



Врати се горе ↑