Видео

17 јануари, 2018

„Академци“ и Наум Петрески порачуваат: „Животот еден е, да се живее!“

Кога ќе се спојат мајстори во музиката, како што се членовите на групата „Академци“ и македонската фолк-легенда, единствениот Наум Петрески, тогаш публиката сигурно треба да очекува нешто навистина квалитетно и убаво за душа. Имено, при крајот на минатата година, „Академци“ и Петрески, работеа на заедничката песна и видеоспотот за неа, која носи интересен наслов – „Маалска“.

Автор на музиката и стиховите е тапанарот на групата Даме Коларовски, а снимањето на видеото го реализираа Дејан Георгиев и неговата „Арт шродукција“ на неколку локации, меѓу кои хотел ресторанот „New Star“  и ресторанот „Кај Науме“. Интересно е тоа што како специјален гостин на гитара се појавува познатиот фанк-џез гитарист Димитар Кочев.

Вие можете низ фотографиите и видеото да видите како помина снимањето и како изгледа финалната верзија на видеото и, секако, да ја преслушате „Маалската“ песна на „Академци“ и Наум Петрески, кои порачуваат: „Животот еден е, да се живее!“ 



Врати се горе ↑