Аудио Eyesburn promo

5 јуни, 2015

„Ајсбрн“ се враќаат со „Dream Is Over“

Српскиот бенд „Ајсбрн“ (Eyesburn) штотуку го објави својот нов сингл насловен „Dream Is Over“, со кој започнува ново поглавје во својата кариера, враќајќи се во рамите на четиричлениот хард/стоунер/реге рок состав, но со дваесетгодишно искуство зад себе.

„Текстуално, песната е охрабрување на поразените коишто собираат сила и се враќаат во животните текови посилни отколку што биле пред поразот. Во зборовите на песната можат да се пронајдат сите кои, без оглед на тешкотиите, сепак наоѓаат смисла во животот“, објаснува Немања Којиќ Којот.

Бендот веќе забрзано работи на новиот албум, а „Dream Is Over“ е еден од тн. пилот синлови за новото дискографско остварување кое се очекува со нетрпение.

„Ајсбрн“ летната сезона ќе ја помине работно, настапувајќи ширум регионот. Покрај настапите на белградскиот „Миксер фест“ на 5 јуни, бендот ќе гостува и на „ОК фест“ во Тјентиште, БиХ, фестивалот „Егзит“ во Нови Сад и унгарскиот фестивал „Сигет“.



Врати се горе ↑