Концерт 1920264_614185365327045_1437501214_n

22 февруари, 2014

Ајрон Мејден доаѓаат во Белград

Авалон продукција со голема гордост Ви најавува дека Ајрон Мејден ќе одржат свое „headline show“ на 17-ти јуни на Калемегдан, во рамките на нивната „Маiden England“ турнеја. Овој огромен музички спектакл ќе биде прв „open – air“ концерт на големиот британски бенд во Србија после нивното гостување во Белград во 1981 година! Калемегдан парк како дел од Белградската тврдина која има историско значење, а се наоѓа во центарот на Белград претставува совршена локација за сите „Maiden“ фанови за стопроцентно Ајрон Мејден доживување.

По повод белградското шоу, легендарниот фронтмен Брус Дикинсон даде своја изјава:
„Не можеме да дочекаме да го донесеме во Белград „Maiden England“ шоуто, посебно поради фактот што станува збор за таква спектакуларна и историска локација како што е Калемегдан! Секогаш сакаме да свириме во Србија, затоа што фановите се неверојатни и знаеме дека секогаш сме добредојдени. Иако „Maiden England“ турнејата во голем дел е базирана на турнејата „Seventh Son of the Seventh Son“ од 1988 година, сет листата за 2104 година ќе биде малку изменета за да се опфати целиот период од ‘80 – тите, што значи дека многу од песните ќе ги изведуваме за последен пат во живо! Се разбира, носиме запрепастувачко осветлување, нова поставка на бината, разни инкарнации на Еди, многу пиротехника и сите оние возбудливи работи кои фановите ги сакаат најмногу. Само што овој пат ќе славиме уште повеќе, бидејќи овој концерт претставува завршница на едно големо поглавје и навистина планираме тоа да биде вечер која сите на Калемегдан никогаш, ама баш никогаш, нема да ја заборават!“.

Специјални гости на ова шоу ќе бидат шведскиот метал бенд Гоуст (Ghost).

Продажбата на влезниците ќе започне преку глобалниот „Iron Maiden – fan club“ точно во 10 часот на 25-ти февруари, а регуларната продажба еден ден подоцна, на 26-ти февруари преку глобалната мрежа на Eventim. За Македонија, цените на влезниците се ПАРТЕР 2 – 1600 денари; ПАРТЕР 1– 1900 денари; ФАН ПИТ – 2450 денари, а истите можете да ги наабвите преку продажната мрежа на Купи карти за сè.


Легендарниот менаџер на групата Рон Смолвуд даде и дополнително објаснување за значење на годинешното гостување во Србија, кое претставува завршеток на „History of Maiden Tours“ проектот, составен од три огромни светски турнеи, со кое се комплетира трилогијата: „Maiden England“ турнејата наиде на неверојатно добар прием ширум светот и како што знаат фановите, базирана е на трилогијата од нашите ДВД изданија од осумдесеттите. Фановите ќе имаат можност за последен пат во кариерата на Ајрон Мејден да чујат некоја од песните во живо, со таа разлика што во 2014 година малку ќе ја измениме сет листата, со цел подеднакво да бидат застапени сите три изданија, со еден исклучок од 90-тите, фановите добро знаат за што станува збор.“

Оваа година го означува последниот дел од „Maiden England“ турнејата, која започна во јуни 2012 година во Северна Америка, продолжи во Европа, а подоцна и во Јужна Америка, вклучувајќи го и концертот во Рио де Жанеиро за кој беа распродадени 90.000 влезници во само неколку часа! Истата година бендот постави нови рекорди, на стадионот „Estadio Nacional“ во Чиле свирејќи пред 60.150 фанови, па пред 95.000 луѓе во англискиот „Donington park“ – 25 години после нивниот прв настап на најголемата рок сцена на британскиот остров, што беше и рекорден 5 – ти пат да бидат водечки бенд на гигантскиот „Download Festival“! Кога ќе заврши оваа турнеја на овогодинешниот јубилеен 40-ти „Sonispehere Festival“ во Кнебворт, шоуто ќе биде видено од преку два милиони фанови ширум светот, што докажува уште еднаш дека „Мејдени“ не планираат да ја прекинат триумфалната низа од цели три децении на самиот врв на метал музиката.



Врати се горе ↑