Македонија 59705_569816939695149_1446606331_n

25 јуни, 2016

Ајри и Калица ѝ подигнаа музички споменици на Битола

За Битола се вели дека е најопеаниот град на Балканот. Нема точна бројка колку песни се посветени на нејзиниот конзулски, градски, па и кабадајски живот. Нема точен податок колку музички воздишки се испеани за долговековниот Широк сокак, градските куќи со балконите, чардаците, чаршиите од кои дел исчезнаа со годините, за Тумбето и беговите, за убавите битолчанки, серенадите. Но, битолчани се согласуваат дека од купиштата песни, само две можат да се насловат како химни на градот. Првата е „Битола, мој роден крај“ од сега покојниот песнописец Ајри Демировски, според чиј такт денес чука и градскиот саат. Со неа, по својата бесмртност единствено може да се спореди само хитот „Ако одам во Битола“ од композиторот Петар Георгиев-Калица.

И двете песни биле напишани за само неколку минути, а како се родиле овие две битолски химни можете да прочитате во Утрински.

Фотографија: Михаил Гаџовски



Врати се горе ↑