Промоции 16114751_1650153345011652_3178211135746527486_n

24 јануари, 2017

„Ајде сонце зајде“, нов проект со изворни македонски песни на Далибор Даки Ѓошиќ

Фолк пејачот Далибор Даки Ѓошиќ, утре, 25 јануари, на едно место ќе ги собере колегите, новинарите, пријателите, соработниците… Причината за тоа е почетокот на новиот проект „Ајде сонце зајде“ , во кој пејачот се посвети на обработка на македонски изворни песни.

„Утре сите мои гости ќе имаат можност да го погледнат спотот за насловната песна на истоимениот проект ’Ајде сонце зајде’, а истата вечер ќе приредиме уште едно пријатно изненадување, односно за прв пат во живо ќе ја изведеме и втората песна од албумот со наслов ’Стамена’“, вели Далибор.

Ова е само почеток на проектот на кој наголемо се работи, се снимаат песни и спотови, заедно со „ВС продукција“, а крајот ќе биде заокружен со голема промоција на целиот албум, по кој ќе следуваат концерти во и надвор од Македонија.



Врати се горе ↑