Настани vlada (1)

12 мај, 2014

Ајде сите на „Рилајв“ журка во Тетово!

Четвртото издание на Рилајв фестивалот ќе се случува претстојниов викенд, односно на 17 мај (сабота), повторно во Тетово, овој пат во старата кожара. Во овој целовечерен настан публиката ќе има можност да се забавува на електронска музика. Диџеите Јански, Бизар и Бабура (Dj Jansky, Bizzare и DJ Babura) ќе бидат дел од загревањето во ова музичко случување, се додека на сцената не ги видиме и специјалните гости диџеј Сивел (DJ Siwel, фотографија долу) од Италија и диџеј Влада Асанин (фотографија горе) кој живее на релација Србија-Шпанија.

И двајцата светски диџеи се активни и како диџеи и како продуценти на електронска музика. Рилајв фестивалот е во организација на Хајнекен мјузик, Медисон, Амнезија, Рипаблик и Горила (Heineken music, Madison, Amnesia, Republic & Gorila). Почетокот на фестивалот е од 21 часот. Цената на влезниците е 200 денари до 15 мај, до 17-ти 250, на врата 300 денари, а билетите се веќе во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на МК  Тикетс. Ајде сите на журка!



Врати се горе ↑