Аудио 10430457_1197310843619653_1402856690270993653_n

5 февруари, 2016

„Ај кју“ со студиска верзија за „Убава“ – победничката песна од „Скопски фестивал 2015“

Победничката композиција од минатогодишниот „Скопски фестивал“, темата „Убава“ од групата „Ај кју“ деновиве конечно ја доби својата студиска верзија. Како музички продуцент на финалниот микс се потпишува Дарко Димитров, музиката и текстот се на Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова, а аранжманот е дело на Трајковски и Дамјан Темков. Оркестарот е снимен во студиото 1 на МРТВ, продуцент Будимка Имери, под дирегнтска палка на Љупчо Мирковски, заедно со музичарите од „Биг бендот“ на МТВ.

Како звучи студиската снимка на „Убава“, можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑