Аудио _MG_0155

9 јули, 2015

„Ај кју“ со нова приказна насловена „Еве пак“

Бендот „Ај кју“, кој пред само неколку дена го промовираше својот втор албум насловен „Само сакав“, денес го промовира носечкиот сингл од албумот насловен „Еве пак“. Песната е  комплетно авторско дело на лидерот на бендот Бојан Трајковски, кој се погрожи и за продукцијата и снимањето во своето студио „Мјузик хаус“ (Music House).

По успешните „Само сакав“, „Колку пати“, следува „Eве пак“, песна за која во моментов се работи и видео запис со „Горила филм“, кој ќе биде објавен наскоро. Во моментов бендот се подготвува за концертната турнеја за промоција на албумот која ќе ги опфати поголемиот број на градови во републикава и ќе заврши со голем настап на фестивалот „Пиволенд“ во Скопје.



Врати се горе ↑