Аудио 1487275_837515412932533_1118083187_n

18 март, 2014

Ај Кју со нова песна: Слушнете ја „There’s a Chance“

Бендот Ај Кју (Eye Cue) со посебно задоволство Ви го претставува новиот сингл наслов There’s a Chance“. Ова е петти сингл од вториот сè уште необјавен албум на бендот, по претходните „Не заборавај“, „Иста патека“, „Сон“ и „Боби баш ми е гајле“. Песната е комплетно авторско дело на лидерот на бендот Бојан Трајковски, кој воедно се погрижи и за снимањето и продукцијата на песната во своето студио „Мјузик Хаус”, додека постпродукцијата и овој пат се работеше во студиото „Аудио Беј Мастеринг” (Audio Bay Mastering) во Соединетите Американски Држави. За песната е планиран и видео запис, а истата ќе се најде на вториот по ред албум кој ќе излезе во текот на 2014 година.

Во моментов бендот работи на новиот материјал, а во најава се и настапи на некои домашни и странски фестивали. Како звучи „There’s a Chance“ можете да слушнете во во продолжение.

 



Врати се горе ↑