1 јули, 2014

Ај Кју со нова песна и видео запис со наслов „Само Сакав“

„Само сакав“ е насловот на новиот шести по ред сингл на  Ај Кју од нивниот втор, сè уште неиздаден албум. Ова е втор сингл на бендот во 2014 година по „There’s а Сhance“. „Само сакав“ е комплетно авторско дело на лидерот на групата Бојан Трајковски кој воедно се погрижи и за снимањето и продукцијата на песната во студиото „Music House“. За песната е снимен и видео запис кој е јубилеен десетти спот на бендот, а истиот го изработи долгогодишниот соработник на бендот Огнен Шапковски. Како изгледа и звучи сето тоа погледнете горе.

Во моментов бендот е на мини турнеја низ македонските градови, а летото е предвидено за интензивирана работа во студио, од која публиката може да очекува многу интересни новитети. Се финализира албумот кој е најавен за оваа есен, а се снима и сосема нов материјал.



Врати се горе ↑