18 февруари, 2015

„Ај кју“ со нов звук во „Колку пати“

По големиот хит Само сакав и успешната соработка со Кристина Арнаудова во Сега ми требаш ти, Ај кју изненадуваат со сосема поинаков звук во нивната најнова песна „Колку пати“. Автор на музиката и аранжманот е Бојан Трајковски, кој ги напиша и стиховите заедно со Леана Таки. Трајковски ја снимаше и продуцираше песната во студиото „Мјузик хаус“, а видео записот го сними тимот на „Горила филм“ во Универзалната сала. „Ај кју“ се надеваат дека емотивната приказна на „Колку пати“ ќе стане нивен следен хит!



Врати се горе ↑