29 јуни, 2017

„Ај кју“ со нов сингл и видео за „Мојот крал“

После минатогодишниот хит Најбоља“, односно „Најдобар“, „Ај кју“ се враќаат со нов сингл и видео запис насловен „Мојот крал“. Станува збор за авторско дело на фронтменот на бендот, Бојан Трајковски, кој ги потпишува музиката и текстот, а за аранжманот му помогна колегата Дарко Димитров, во чие студио се снимаше самата песна, додека извршни продуценти се Трајковски и Васко Павлески.

Видеото снимено во 4К резолуција го реализираше екипата на „Горила филмс“, под режисерската палка на Јован Куциновски, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте.



Врати се горе ↑