Галерија 2

4 јули, 2015

„Ај кју“ со нов албум и концертна турнеја

Групата „Ај кју“ (Eye Cue) деновиве го промовираше својот втор албум „Само сакав“ во издание на „Горила продукција“. Промоцијата се одржа во пивница „Стар град“ под Kале. На промоцијата присуствуваа голем број пријатели, новинари колеги меѓу кои: Никола Перевски – Пере, Сара Мејс, Теа, Леа и голем број музичари. На албумот се најдоа 11 композиции меѓу кои и големите хитови („Боби баш ми е гајле“, „Колку пати“, „Иста патека“, „Не заборавај“), кои ги одбележаа „Ај кју“ изминатиот период.  Групата во живо отсвири неколку нови композиции и веќе прочуените хитови.

„Ај кју“ на присутните им го подари својот албум „Само сакав“ со по некој автограм, а ја најави и својата концертна турнеја, која започува со настапи по дискотеки и клубови во месец јули,  а во вториот дел од летната сезона по општински настани поддржани од Министерство за култура и голем број реномирани фестивали (10.08 градски плоштад – Крушево, 14.08 градски плоштад – Ресен, 15.08 „Струмица опен фест“, 29.08 градски плоштад – Берово, 05.09 „Пиво ленд“ – Скопје)  и многу други.

За крај „Ај кју“ и „Горила продукција“ најавија и трет албум и голем концерт во 2016 година.



Врати се горе ↑