1 септември, 2017

„Ај кју“ нè почестија со акустична верзија на „Мојот крал“

Популарната македонска група „Ај кју“ одлучи да нè почести со акустична верзија на својот актуелен хит „Мојот крал“, која ја претстави на самиот почеток на летово. Видеото снимено во скопскиот „Брик бар“ воедно е и најава за нивниот нов албум што ќе го носи насловот „Сепак ми е забавно“, а веста ја сподели главната ѕвезда на истоименото видео, Дунавка Трифуновска.

„Имаме три срца. Првото, за новиот албум ’Сепак ми е забавно’, второто за новата везија ’Мојот крал’, а третото за ’Супер Скопје’, 1 септември. Благодарам на честа новиот албум да го насловите по песната на мојот живот и да прославиме еден од моите најубави родендени. Очекувам најубава промоција со милион балони, ружички, торта со шлаг и круна“, напиша манекенката споделувајќи заедничка фотографија со „Ај кју“.

20953952_10154948271536588_7478667005736133410_n

Сепак ми е забавно“ ќе биде трет по ред албум за победниците на последниот „Скопски фестивал“ во 2015 година, а како и претходниот насловен „Само сакав“ (2015), ќе биде објавен под закрила на „Горила продукција“.



Врати се горе ↑