30 март, 2018

„Ај кју“ нè почестија со акустична верзија на евровизиската „Lost аnd Found“

Како и за повеќето свои хитови, „Ај кју“ одлучија да направат акустична верзија и на „Lost and Found“, со која ќе нè претставуваат на годинашната „Евровизија“ во Лисабон. „Помалку е повеќе“, со ова мото групата ја претстави одличната изведба, која звучи исто толку добро како и оригиналот.

„Огромна благодарност за првите милион прегледи и вашата поддршка. Бидејќи ни испративте толку многу добри вибрации, ние ви испраќаме малку акустични вибрации на ’Lost and Found’. Навистина веруваме дека ќе уживате со оваа верзија на песната“, напишаа „Ај кју“, а под видеото објавено на Јутјуб веќе се редат позитивни коментари од евровизиските обожаватели, кои посакуваат влез во финале и добар пласман.

Секако дека на истото се надеваме и ние, а веруваме дека голем придонес ќе има и оваа акустична изведба, која ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑