6 ноември, 2015

„Ај кју“ го претстави видео записот за „Еве пак“

Бендот „Ај кју“, кој летоска го промовираше својот албум „Само сакав“ и го промовираше носечкиот сингл „Еве пак“,  денеска го претстави и новиот видео запис. Снимањето се одвиваше повеќе денови, на повеќе локации во Охрид, Свети Наум, Галичица, Матка и Скопје во реалиција на „Горила филмс“.

Бендот по успешната концертната турнеја која ја имаше летово, продолжува со своите активности, со своето прво учество на „Скопски фестивал 2015“ со композицијата „Убава“, која е реден број шест. Ако и Вие сметате дека „Убава“ е најубава да ја направиме место број еден.



Врати се горе ↑