Македонија

15 март, 2019

„Ај кју“ го најавија новиот сингл „Dancin’“

Откако „се изгубија и пронајдоа“ на минатогодишната „Евровизија“, „Ај кју“ продолжија да ја освојуваат европската публика и со бројните гостувања и промотивни концерти ширум стариот континент, а тоа ќе продолжи и на претстојните евровизиски забави во Лондон и во Амстердам. Но, тоа не е сè! Имено, за само неколку дена ќе имаме можност да го слушнеме и нивниот нов сингл насловен „Dancin’“, чија премиера е закажана за 22 март.

Судејќи по најавната фотографија, претпоставуваме дека станува збор за уште еден разигран хит како евровизиската „Lost And Found“, која дополнително ќе им помогне да се пробијат на европската, но и светската сцена.

View this post on Instagram

22.03.2019 Release date for DANCIN'

A post shared by Bojan Trajkovski (@bojan_com) on

Како што споменавме, бендот изминатиов период беше зафатен со повеќе гостувања ширум Европа, вклучувајќи го и првиот настап во Хамбург во Германија, каде што гостуваа на 6 март, а допрва следуваат и евровизиските забави во Лондон на 22 март и на 14 април, како и „Амстердам колинг“ на 5 април во Амстердам.

Додека го очекуваме новиот сингл „Dancin’“, да се потсетиме на одлична „Lost And Found“!



Врати се горе ↑