21 јули, 2016

„Ај да се муваме“ од Невена и Калина доби видео запис

Првиот сингл на македонски јазик на охриѓанките Невена и Калина Нешкоски, темата „Ај да се муваме“ штотуку доби и свој видео запис. Комплетен автор на музиката и текстот е самата Невена, а во аранжманот ѝ помогнаа сестра ѝ Калина и Шон Перез. Продукцијата е на Влад Сфичи, Невена и Диди, на гитара гостува Игор Димовски, а миксот и мастерингот ги направи Атила Лукинич.

Во видео приказната во режија на Кевин Веселка, покрај сестрите Нешкоски се појавуваат и Анастасија Северин и Брет Шнајдер, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

13681001_1052953498074058_446352559863496049_n

„Ај да се муваме“ има и верзија на романски јазик, а како звучи „Vara Vine“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑