Свет jbf

22 март, 2017

Агентот 007 требало да биде жена?

Додека цел свет со месеци шпекулира за тоа кој ќе биде новиот агент Џејмс Бонд (во трка е дури и актерката Џилијан Андерсон), не е лошо да се потсетиме дека првиот агент 007 за малку ќе беше агентка! Имено, како што пишува „Дигитал спај“, кога Грегори Ратоф ги откупил правата на романот од Иан Флеминг во 1955 година, тој и сценарисот Лоренцо Семпл Јуниор размислувале за главната улога да ја ангажираат актерката Сузан Хејворд.

„Искрено, мислевме дека Џејмс Бонд не е уверлив и се сеќавам дека сметавме дека е дури и малку глупав“, објаснил Семпл. „Затоа мислевме дека би било многу подобро ако Бонд е жена. На пример, Џејн Бонд.“

Грегори предложил тоа да биде актерката Сузи Хејворд, со која излегувал некое време, а која му должела услуга. Меѓутоа, таа ја одбила улогата, па во приказната во последен момент влегол Шон Конери, кој ги одбележа првите неколку филмови за познатиот таен агент.



Врати се горе ↑