17 октомври, 2014

Афромен со „позитивен ремикс“ на хитот „Because I Got High“

Цели 13 години подоцна, американскиот музичар Афромен реши да направи нов „позитивен ремикс“ на неговиот најпознат хит „Because I Got High“, со цел да даде поддршка за легализирањето на марихуаната во САД. „’Because I Got High’ е песната што ме создаде и која ми донесе договор со издавачка куќа и номинација за Греми. Пушењето ме доведе онаму каде што сум денес и за тоа сум вечно благодарен. Со оглед на моменталната политичка ситуација во државите, сметам дека е одлична пригода за малку едукација“, изјавил раперот, а новата освежена верзија на големиот хит можете да ја погледнете горе.

 



Врати се горе ↑