1 август, 2017

„Адреналин бенд“ имаат одлична „Летна шема“

Групата „Адреналин“ постои околу година и половина и е составена од 5 члена. Очигледно според конципираноста на бендот, но и  стилот на музицирање момчињата тргнале по патот на едни „Арија“, „Браво бенд“ или „Либеро бенд“… кои веќе се длабоко етаблирани во таквата музичка определба и правец, а „Адреналин бенд“ се најдобар пат да ги стигнат.

Нивната песна После тебе“, која  всушност беше преработка на еден познат грчки хит, и скокотливото видео за неа им помогнаа да станат познати на пошироката јавност.

абенд

 

Деновиве момчињата исфрлија нова песна и нов спот со наслов „Летна шема“. Како што кажува и самиот наслов и  песната и видеото се во духот на летото, со лесен ритам, певливи стихови, песна како создадена за опуштање, релаксација, плажа, вода, добро друштво, згодни момчиња и убави девојки, а како изгледа и звучи „Летната шема“ на „Адреналин бенд“ можете да видите и слушнете горе. Уживајте!

Извор: Вистина



Врати се горе ↑