Аудио ricky-martin-adios

23 септември, 2014

„Adios“ е новиот сингл на Рики Мартин

Со штотуку објавениот сингл „Adios“, Рики Мартин го најавува својот десетти по ред студиски албум кој би требало да се појави на почетокот на 2015 година. Иако во изминатиов период објави неколку песни, меѓу кои и „Vida“ (снимена за СП во фудбал во Бразил), 42-годишниот пејач реши токму оваа тема да биде прв сингл од новото издание: „Ја одбравме оваа песна бидејќи таа најдобро ме претставува мене, односно кој сум јас денес“, изјавил тој, додавајќи дека насловот реферира на почеток на нов циклус во неговиот живот.

„Adios“ е отпеана на шпански, англиски и француски јазик, а како автори се потпишуваат Џеси Шаткин, латино раперот Јотуел Ромеро и јапонско/шпанскиот фламенко виртуоз Антониот Рајо. Трите верзии на песната можете да ги слушнете во продолжение.

Шпанска верзија

 

Англиска верзија

Англиско-француска верзија

 



Врати се горе ↑