Аудио adelina-robert

21 јануари, 2013

Аделина Таири му се довери на Роберт Билбилов

Од студиото на Роберт Билбилов доаѓа одлична нумера која со својот одличен вокал ја отпеа младата пејачка Аделина Таири. Станува збор за песната „Ik te aјо“, за која стиховите ги напиша Авни Чаили.

Оваа надежна албанска млада пејачка која е родена скопјанка, студира во Приштина, полека но сигурно ја гради својата кариера, а нејзината популарност расте секојдневно. Стана позната пред неколку години со нејзиниот хит „Манипулатор“, но уште повеќе со нејзиниот одличен изглед и танцувачки способности кои никого не оставаат рамнодушен.  Токму затоа Аделина е доста зафатена во изминатиот период, нејзиниот календар е преполн со настапи, а наскоро често ќе ја гледаме и на тв екраните бидејќи е дел од претстојното шоу „Танц со ѕвездите“ кое ќе се емитува на Македонската Радио Телевизија

Покрај актуелната нумера „Ik te ajo“ која можете да ја чуете во продолжение, Аделина наскоро ќе ја слушнеме со уште една песна на Роберт Билбилов, а таа соработка ќе добие и свое видео издание. Фотографијата е дел од фотосесијата која ја направи познатиот тандем Ани и Дими.

 



Врати се горе ↑