Балкан IMG_6968

16 мај, 2013

Аделина Тахири ново заштитно лице на ОNE

Телекомуникацискиот оператор ОNЕ и музичката ѕвезда Аделина Тахири потпишаа договор за соработка. Во наредните година дена, ОNЕ и сė попопуларната Аделина, заеднички ќе работат на взаемна промоција на брендот ОНЕ и албанската поп музика во Македонија.

Ние во ОНЕ секогаш сме знаеле да ги препознаеме вистинските ѕвезди, и оние со долгогодишна кариера, но и оние со голем потенцијал. Аделина е ѕвезда во подем чија кариера секојдневно расте. Нејзината музика и појава се синоним за модерна и урбана музичка ѕвезда, а сето тоа одлично се вклопува со нашиот бренд“ –  изјави Цирил Кафол, Генерален извршен директор на ОNЕ.

За секој пејач е особено важно зад себе да има силен бренд кој го поддржува. Мене ми претставува огромна чест и задоволство што токму ОNЕ ќе биде мојот бренд партнер во наредната година. Се надевам на успешна и плодна соработка“, изјави Аделина.

Во текот на 2013-2014 година, ОNЕ и Аделина ќе работат посветено, на сите љубители на албанската поп музика да им понудат атрактивни музички содржини и настани, а Аделина ќе се појави и во неколку рекламни кампањи на ОNЕ, кој е голем поддржувач на музичката сцена во Македонија. Во моментов, покрај со Аделина, ОNЕ има партнерски договор за соработка и со Каролина и Слаткар.



Врати се горе ↑