Свет adele-oscar-2013

8 април, 2013

Адел влезе во студио

Една од најуспешните млади британски пејачки во моментов, Адел влезе во студио и започна со работа на нејзиниот трет студиски албум, пишуваат британските медиуми. Пејачката која ја освои светкската публика, но и критиката, освои 7 Греми награди, 2 Билборд награди, а темата „Skyfall“ од истоимениот филм и ги донесе најпрестижните филмски награди Оскар и Златен Глобус.

За наследникот на успешниот „21“, Адел соработува со продуцентите Џејмс Форд и Кид Харпун, кои се познати по соработката со Џеси Вер, Флоренс Велч, Арктик Манкис и други музички имиња. „Адел ќе се обиде да ги помести границите на нејзината креативност, како и тоа да го повтори успехот на претходниот албум. Не сака да ја паметат само по емотивните балади.“ – изјавил извот близок на пејачката.

Sun додава дека новото издание ќе го носи насловот „25“, а ќе излезе следната година кога Адел ќе наполни 25 години, повторувајќи ја постапката од претходното издание.



Врати се горе ↑