Свет 34403

7 април, 2017

Адел собори уште еден рекорд

Сега и официјално, Адел е пејачката, односно женски изведувач, чиј албум убедливо најдолго опстојува на Билбордовата топ 200 листа за најпродавани албуми! Имено, нејзиниот претходен албум „21“ штотуку го надмина досегашниот рекордер, албумот „Tapestry“ на Керол Кинг, останувајќи на оваа листа вкупно 319 недели!

Ова второ студиско издание на британската ѕвезда, каде што се сместени хитовите „Rolling in the Deep“ и „Someone Like You“, во моментов се наоѓа на 103. место, иако е објавен во март 2011 година. Интересно е тоа што на првото место помина вкупно 24 недели.

На оваа листа, која започна со неделно објавување во 1956 година, рекордер во сите категории (машки и женски изведувачи и групи) е легендарниот албум „Dark Side of the Moon“ на „Пинк флојд“, кој се задржал меѓу 200-те најпродавани изданија цели 927 недели.

 

 



Врати се горе ↑