Свет adele-

28 ноември, 2012

Адел со 10 милиони продадени копии во САД

Како што пренесува американски Idolator, од вториот албум на британската пејачка Адел„21“ до сега се продадени преку 10 милиони примероци во САД. Иако и требаа 92 недели за да ја достигне оваа бројка, сепак ги надмина скоро сите домашни изведувачи. Според Billboard, единствените музичари кои имаат продадено толку многу примероци за пократок период се ‘NSYNC со албумот „No Strings Atached“, кој беше продаден во 10 милиони копии за 43 недели во јануари, 2001 година.

Ова е уште еден показател дека и покрај тоа што се наоѓаме во доба на пиратерија, Адел е незапирлива сила на која ѝ претстои долга и успешна кариера. Во продолжение да се потсетиме на одличниот настап на Греми наградите годинава каде што ја изведе „Rolling in the Deep“.

 



Врати се горе ↑