Свет adele-and-wiz-khalifa-007

6 септември, 2013

Адел сними песна со Виз Калифа

Во разговорот за порталот FuseNews, Виз Калифа зборувал за соработките кои ќе се најдат на неговиот нов албум: „Гостуваа многу луѓе, нечии издавачи дадоа дозвола песните да се појават на мојот албум, а за некои сè уште чекаме. Имам песна со Мајли (Сајрус), со Адел... Би сакал да снимам песна и со Лејди Гага. За сега е познато дека раперот снимил песна со британската ѕвезда Адел, која многу ретко соработува со колегите, а до сега пеела во песни на Даниел Мериведер, Џек Пењате и групата Д Ракаунтерс. 

Петтиот студиски албум на Калифа кој ќе го носи насловот „Blacc Hollywood“ се очекува до крајот на годинава.

Извор: Guardian.co.uk



Врати се горе ↑