Свет adele-2015-press-alasdair-mclellan-xl-billboard-6h0-1448814316

21 декември, 2015

Адел се надмина себеси

Адел и официјално се надмина себеси, бидејќи нејзиниот актуелен албум „25“ го собори рекордот на својот претходник – изданието „21“! Имено, „25“ царува на врвот на Билбордовата албумска листа веќе четири недели со ред, со продажба од 825.000 примероци, бројка која воедно означува и 5,98 милиони во првите четири недели од објавувањето со што го надмина и албумот „1989“ на Тејлор Свифт, кој досега го држеше овој рекорд со 5,57 милиони примероци продадени во тој временски период, а стана и најпродаваниот албум во земјата од 2011 година и, секако, нејзиното претходно издание „21“, кое се продаде во 11,37 милиони примероци. Исто така, „25“ е и најпродаваниот албум во една календарска година, надминувајќи го успехот на Ашер и неговиот „Confessions“ во 2004 година (7,98 милиони).

За да биде уште поинтересно, „21“ повторно се врати меѓу најдобите десет во Америка неделава, искачувајќи се од 14. на 10. место, додека нејзиното првенче „19“ скокна дури 19 позиции – од 48. на 36. место.

И на двете страни од Атлантикот, најголема конкуренција на Адел е Џастин Бибер, чиј албум „Purpose“ е на 2. место во САД, а на 5. во Велика Британија, но кога станува збор за синглови, младиот Канаѓанец веќе неколку недели е присутен со 3 песни меѓу најдобрите пет (1. Love Yourself, 2. Sorry и 5. What Do You Mean), оставајќи го „Hello“ на Адел на 3. место на домашен терен.

 

 



Врати се горе ↑