16 јануари, 2016

Адел рапува и пее хитови од „Спајс грлс“

Британскиот актер и комичар Џејмс Корден минатата година започна да води вечерна емисија во САД, во чии рамки ја смести и рубриката „Караоке во автомобил“. Во овој интересен концепт гостуваат бројни музички ѕвезди кои, возејќи се низ град, разговараат и ги пеат своите најпознати хитови. Последната од нив беше британската ѕвезда Адел, која постојано наоѓа нови начини да ги изненади и воодушеви своите фанови, па овој пат публиката имаше можност да ја слушне како пее хит од некогашната поп-сензација „Спајс грлс“, но и како звучи кога рапува!

Снимено низ улиците на Лондон, ова интересно караоке можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑