Свет adele5

17 февруари, 2013

Адел работи на нов албум

Интересна вест поврзана со младата британска пејачка која за кратко време го освои светот со нејзините одлични балади. Како што пишува магазинот PopCrush, Адел работи на нејзиниот нов, трет по ред студиски албум. Имено, минатата година таа изјавила за Vogue дека ќе направи пауза од 5 години, но според Billboard, таа сепак започнала со работа на нејзиното ново издание.

Позади сцената на доделувањето на Греми наградите кое се одржа неодамна, таа ја дала следната изјава: „Имам многу состаноци. Во Лос Анџелес сум уште од доделувањето на Златните глобуси, а ќе останам до Оскарите. Малку сум надвор од форма, со оглед на тоа што во последно време пеам само бебешки песни, па не знам што е добро, а што не е.“

Таа исто така спомнала дека повторно ќе се сретне со Пол Епворт, што веројатно ќе ги израдува сите нејзини фанови бидејќи токму со него соработуваше за нејзиниот најпродаван албум „21“, како и за темата од Џејмс Бонд, нумерата „Skyfall“.

Со оглед на тоа што таа сега е мајка и е во среќна врска, би можеле да очекуваме малку повесели песни на нејзиниот нов абум, за разлика од “химната на раскинувањето“„Someone Like You“. Таа минатата година изјавила за Vogue: „…барем сега ќе имам доволно време да напишам среќна песна. И да бидам вљубена и среќна.“ 

Додека очекуваме повеќе детали за новото издание, Адел ќе можеме да ја видиме на доделувањето на Оскарите, каде што ќе ја изведе „Skyfall“, која е номинирана во категоријата Најдобра оригинална песна, а во истата категорија веќе ја доби наградата Златен Глобус.

 

Извор и фото: PopCrush

 



Врати се горе ↑