The 30 sec music clip that has the industry in a frenzy. Oh boy...@OfficialAdele is back #25 #Adele pic.twitter.com/u3MJPSuYQL
— BBC Newsbeat (@BBCNewsbeat) October 18, 2015
19 октомври, 2015
Адел објави 30 секунди од новата песна
Светот веќе неколку години чека на нов материјал од британската ѕвезда Адел, а сега имаме дури 30 секунди од нејзината нова песна! Имено, пејачката веќе долго време работи на наследникот на историскиот албум „21“, а неодамна стигна и веста дека новото издание ќе стигне на 20 ноември. Иако сè уште нема официјална потврда или најава за новиот сингл и албум, ниту пак за насловите на истите, вчера Би-би-си објави аудио снимка од половина минута – кратко, но доволно за да заклучиме дека на повидок е уште еден мега-хит!
Како звучи сето тоа можете да слушнете горе. Се надеваме дека целата песна ќе ја слушнеме наскоро…