Свет

7 мај, 2019

Адел најави нов албум?

Британската ѕвезда Адел завчера го прослави својот 31. роденден, па по тој повод сподели неколку фотографии и напиша дека оваа година ќе си ја посвети на себе, но дел од напишаното многумина го протолкуваа и како најава за нов албум што ќе го наследи мошне успешниот „25“ (2015).

„Ова е 31… фала Богу! 30-ката толку ме измачи, но успевам да совладам сè и да не попуштам пред тешките моменти“, започна таа, веројатно алудирајќи на неодамнешниот развод со нејзиниот повеќегодишен парнер и татко на нејзиниот син, Сајмон Конеки.

„Без оглед колку долго ќе бидеме тука, животот е константен и понекогаш комплициран. Драстично се променив последниве неколку години и сè уште се менувам, а тоа е во ред. 31 ќе биде добра година и целата ќе ја посветам на себе. За првпат во десет години подготвена сум да го почувствувам светот околу мене и да гледам нагоре. Бидете добри со себе, сепак сме само луѓе. Не брзајте, оставете ги телефоните и смејте се гласно во секоја пригода. Учејќи вистински да се сакам себеси, сфатив дека тоа е и повеќе од доволно“, дополни таа и заклучи: „Ќе научам да ве сакам повеќе евентуално… дивјаци едни, 30 ќе биде драм-ен-бејс само за инает! Главата горе!“

View this post on Instagram

This is 31…thank fucking god 💀 30 tried me so hard but I’m owning it and trying my hardest to lean in to it all. No matter how long we’re here for life is constant and complicated at times. I’ve changed drastically in the last couple years and I’m still changing and that’s okay. 31 is going to be a big ol’ year and I’m going to spend it all on myself. For the first time in a decade I’m ready to feel the world around me and look up for once. Be kind to yourself people we’re only human, go slow, put your phone down and laugh out loud at every opportunity. Learning to REALLY truly love yourself is it, and I’ve only just realized that that is more than enough. I’ll learn to love you lot eventually 😂 Bunch of fucking savages, 30 will be a drum n bass record to spite you. Chin up eh ❤️

A post shared by Adele (@adele) on

Имајќи предвид дека трите досегашни албуми го носеа насловот на возраста на која ги пишувала песните или од кои црпела инспирација, многумина ова го протолкуваа дека и новиот албум ќе биде насловен „30“. Уште минатата година имаше гласини дека Адел веќе почнала со работа на нов материјал и дека албумот би требало да излезе кон крајот на оваа година, а во разговор со Џејмс Корден, таа рече дека „верува во трилогии“ и дека „25“ ќе биде последен со таков наслов. „Следниот ќе биде едноставно Адел“, рече таа.

Како и да е, четири години се и повеќе од доволно за пауза меѓу два албума, па се надеваме дека наскоро конечно ќе слушнеме нешто ново од британската дива, а не се ни сомневаме дека допрва ќе соборува уште повеќе рекорди во музичката историја.



Врати се горе ↑