Adele Announcement

Go to http://live.adele.com for details

Posted by Adele on четврток, 26 ноември 2015

26 ноември, 2015

Адел најави европска турнеја

По планетарниот успех на синглот „Hello“ и албумот „25“, британската ѕвезда следната година ќе започне со европска турнеја, во чии рамки ќе одржи концерти во Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Данска, Шведска, Норвешка, Германија, Италија, Франција, Холандија, Португалија, Шпанија и Белгија, а се надеваме дека ќе имаме можност да ја видиме и некаде на Балканот.

Пејачката во моментов го промовира своето трето студиско издание, а за да не биде „досадна“, реши во секоја емисија да пее различна песна од албумот, така што покрај најавниот сингл „Hello“ и нејзината омилена „When We Were Young“, публиката имаше можност да ги слушне и темите „Water Under The Bridge“ и „Million Years Ago“, кои Вие можете да ги преслушате во продолжение.

 

Во промотивните интервјуа, Адел зборуваше и за нејзиниот живот во овој период и неверојатните реакции на новиот албум. „Доста напорно, но и неверојатно“, рекла таа, додавајќи дека овој пат се чувствува поподготвено за целото внимание насочено кон неа, а фактот што сега е мајка придонел да има подобар поглед на сето лудило што ја опкружува.

„Мојот син доаѓа со мене секаде. Тој е првата личност што ја гледам кога ќе се разбудам и последната пред да заспијам… Издвојувам време за него, како и секогаш. Тој е еден од причините зошто ме немаше (на сцената) толку долго време. Тој ми е на прво место, а музиката на второ“, заклучила ѕвездата.

 



Врати се горе ↑