Свет

8 февруари, 2017

Адел ќе триумфира на „Греми“?

Популарната британска пејачка ќе освои најмногу награди на овонеделното доделување на златните грамофони, тврдат љубителите на порнографијата. Имено, посетителите на порно сајтот „Редтјуб“ успешно предвиделе повеќе настани, меѓу кои и победата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, па доколку и овој пат се во право, Адел в недела ќе се закити со наградите во едни од најважните категории – албум на годината, песна на годината и снимка на годината.

Покрај тоа, таа би требало да триумфира и во категориите поп соло изведба и поп албум на годината. Сето тоа значи дека Бијонсе ќе падне во сенка, иако во моментов води според бројот на номинации. Посетителите на „Редтјуб“ предвидуваат и дека дуото „Чејнсмоукерс“ ќе ја освои наградата за најдобар нов изведувач, Дрејк за најдобра рап изведба, Дејвид Боуви за надобар алтернативен изведувач, а „Пеник ет д диско“ за најдобар рок албум.

Дали овие предвидувања ќе се исполнат останува да дознаеме в недела, 12 февруари, кога е закажано 59. по ред доделување на „Греми“. Домаќин на манифестацијата ќе биде британскиот актер и водител Џејмс Корден, а покрај Адел, на сцената во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес ќе настапат и Бруно Марс, Викенд со „Дафт панк“, Кејти Пери, Деми Ловато, „Металика“, Џон Леџенд, Кит Урбан, Кери Андервуд и други, а се подготвуваат и специјални настапи во чест на музичките икони што ги загубивме минатата година, Принс и Џорџ Мајкл.

 

 



Врати се горе ↑