Свет madonnaadelem

13 јануари, 2014

Адел ќе пишува балади за Мадона

55-годишната Луиза Чиконе, позната како „Кралицата на поп музиката“ Мадона планира да сними малку посериозен и позрел албум со балади, а во тоа ќе и помогне 25-годишната колешка од Велика Британија, Адел. Имено, како што пренесува британскиот магазин Daily Mail, двете пејачки се запознале во Лондон и планираат заедно да влезат во студио и меѓусебно да си помогнат за песните кои ќе се најдат на нивните нови албуми. Со оглед на тоа што станува збор за две светски познати и докажани музички имиња, сигурно е дека оваа соработка ќе привлече големо внимание, а нам ни останува да почекаме и да го слушнеме крајниот резултат.

 

 



Врати се горе ↑