Свет adele

9 јануари, 2013

Адел ќе пее на Оскарите

Според тоа што го пишуваат странските медиуми, голема е веројатноста за прв пат по породувањето една од  најуспешните млади британски пејачки – Адел да настапи на доделувањето на престижните Оскари кадешто ќе ја ја изведе насловната тема од филмот за Џејмс Бонд„Skyfall“, во рамките на прославата половина век од постоењето на тајниот агент 007.

Пејачката, чиј албум „21“ ги собори сите рекорди по продажбата во Европа, а веќе втора година по ред е најпродаван албум во Америка, би требaло да се појави на најгламурозниот холивудски црвен тепих и како пејачка на темата на последниот Бонд, но и како кандидат за Оскар. Меѓутоа, сè уште е неизвесно дали песната „Skyfall“, чиј што автор е самата Адел, ќе биде во конкуренција за најдобра оригинална нумера бидејќи во неа се наоѓаат и делови од оригиналната музичка тема на филмовите за Бонд.

Списокот на наоминираните во сите категории ќе биде познат на 10-ти јануари, а 85-то доделување на Оскар ќе биде одржано на 24-ти февруари во Лос Анџелес.

 



Врати се горе ↑