Свет skyfall-adele-

4 март, 2013

Адел ќе пее и за следниот Џејмс Бонд?

Како што дознава британскиот магазин Sun, Адел потпишала договор да ја сними и темата за следниот филм за тајниот агент 007. Со оглед на тоа што „Skyfall“ постигна огромен успех и беше одлично прифатена од публиката ширум светот, продуцентите на франшизата за Џејмс Бонд филмовите сакале Адел да стане синоним за овие филмови, како што тоа своевремено беше Ширли Бејси, која ги отпеа хитовите „Diamonds Are Forever“, „Mooraker“ и „Goldfinger“.

„Продуцентите се восхитени од тоа колку добро беше прифатена песната и се надеваат дека присуството на Адел во следниот филм ќе го повтори успехот.“ – изјавил изворот за Sun, додавајќи: „Тие сакаат таа да биде синоним за Бонд како што е Ширли“.

„Skyfall“ постигна огромен успех, кој на Адел и нејзиниот соработник, продуцентот Пол Епворт им донесе Оскар, Златен Глобус и беше прогласен за Најдобар британски сингл. Во врска со новиот албум, кој ќе го наследи успешниот „21“, Адел изјавила дека ќе го сними тогаш кога ќе има за што да пее. Таа изјавила дека песните ќе пристигнат кога ќе бидат подготвени. Со оглед на тоа што „21“ е четврт најпродаван албум на сите времиња во Обединетото Кралство, а две години со ред е најпродаван албум во САД, Адел има тешка задача за следното издание.

Во продолжение да се потсетиме на одличната изведба на Оскарите.

Извор: NME/Sun



Врати се горе ↑