Свет adele-oskari

24 јануари, 2013

Адел потврди учество за доделувањето на „Оскари“

Младата мајка Адел го потврди својот настап на 24-ти февруари во Лос Анџелес на овогодинешното доделување на планетарните Оскари каде во номинација се наоѓа и нејзината наменска композиција „Skyfall“ за потребите на истоимениот филм на Џејмс Бонд.
„Чест ми е што сум номинирана и возбудена сум за настапот пред таа публика. Тоа е нешто што никогаш не сум го доживеала и се најверојатно ќе биде само еднаш“. – додаде Адел.

Таа минатата седмица за „Skyfall“ освои Златен глобус.

 



Врати се горе ↑