18 ноември, 2015

Адел ја објави својата омилена песна од новиот албум

По најавниот сингл „Hello“, само неколку дена пред објавувањето на нејзиниот трет студиски албум „25“, Адел објави уште една песна од претстојното издание. Станува збор за баладата насловена „When We Were Young“, која ја напиша заедно со канадскиот музичар Тобајас Џесо Јуниор, а ја продуцираше Ариел Рехтшаид.

Во интервју за „Ролинг стоун“, пејачката открила дека оваа балада во стилот на Елтон Џон е нејзината омилена песна од албумот, а дека е една од најголемите поддржувачи на младиот Тобајас докажува и фактот што, и покрај тоа што долго време не била активна на социјалните мрежи, сепак го споделила неговиот нов сингл на почетокот на годинава.

„Невозможно е да не се запрашате зошто е таму каде што е сега веднаш штом ќе седнете да пишувате песна со неа“, рекол Џесо за соработката со британската ѕвезда, додавајќи: „Тоа беше моето прво искуство со некој што може на лице место да отпее стихови што се всушност одлични.“

Како звучи новата песна на Адел можете да слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑