Свет article_big_1357407865Adele2

12 март, 2013

Адел и Бијонсе ќе пеат на роденденот на Мишел Обама

Првата дама на САД, Мишел Обама следната година ќе наполни 50 години. Иако до роденденот има повеќе од 10 месеци, таа веќе започнала со подготовките за забавата. Бидејќи е голем љубител на музиката на Бијонсе и Адел, Мишел Обама наводно ги поканила двете пејачки да ја разубават нејзината роденденска забава која ќе се одржи во Белата куќа.

Неименуван извор од Белата куќа потврдил дека Адел ја прифатила поканата и се откажала од хонорарот за овој вид на настапи. Таа на забавата ќе ги отпее омилените песни на првата дама на САД. Сите трошоци за забавата ќе ги плати семејството Обама, бидејќи забавата е приватна.

Со оглед на тоа што Бијонсе, како и нејзиниот сопруг Џеј Зи, се големи поддржувачи и пријатели на семејството Обама, сигурно ја прифатила поканата без двоумење.

 Извор:NME/MTV



Врати се горе ↑