Свет

20 јануари, 2017

Адел го потврди настапот на „Греми 2017“

Британската ѕвезда Адел ќе им се придружи на колегите Џон Леџенд, Кери Андервуд, Кит Урбан и „Металика“ на сцената во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес, каде што на 12 февруари ќе одржи 59. по ред доделување на музичките награди „Греми“.

giphy

Сопственичката на 10 златни грамофони годинава е номинирана во 5 категории. Нејзиниот повратнички албум „25“, објавен во ноември 2015 година, е во трка за титулата албум на годината и најдобар поп вокален албум, а хитот „Hello“ за песна на годината, снимка на годината и најдобра поп вокална изведба. 

Адел настапи и на минатогодишното доделување, а на нејзиниот настап можете да се потсетите во продолжение.



Врати се горе ↑