Свет adele-

18 декември, 2013

Адел го има најпродаваниот албум на сите времиња на „Амазон“

Британската ѕвезда Адел и нејзиното успешно издание „21“ сега и официјално имаат потврда дека станува збор за најпродаваниот албум на сите времиња на сервисот „Амазон“. Британското списание Independent пренесува дека вториот студиски албум на пејачката кој е објавен на почетокот на 2011 година, до сега е продаден во 28 милиони примероци ширум целиот свет, а во Британија остварил платинест тираж и тоа неверојатни 16 пати. На оваа листа на познатиот сервис „Амазон“, Адел е и единствената пејачка чии дела два пати се нашле меѓу најдобрите десет албуми: нејзиниот деби албум „19“ се наоѓа на 8-мото место. На второто место на оваа листа се наоѓа победничката на серијалот „Британија има талент“Сузан Бојл со својот албум „I Dreamed a Dream“, додека на третото место е саундтрак изданието од бродвејскиот мјузикл „Wicked“ од 2003 година.

Тејлор Свифт, Ејми Вајнхаус и Колдплеј исто така се најдоа меѓу најдобрите 10, додека Лејди Гага со албумот „Born This Way“ е на врвот на списокот од „дигитални изданија“ и го има најпродаваниот албум во МП3 формат. Листата на 10-те најпродавани албуми на сите времиња на Амазон се:

1. Adele – ’21’
2. Susan Boyle – ‘I Dreamed A Dream’
3. Stephan Schwartz and Original Broadway Cast – ‘Wicked’
4. Robert Plant & Alison Krauss – ‘Raising Sand’
5. Mumford & Sons – ‘Sigh No More’
6. Taylor Swift – ‘Fearless’
7. Amy Winehouse – ‘Back To Black’
8. Adele – ’19’
9. Dixie Chicks – ‘Taking The Long Way’
10. Coldplay – ‘Viva La Vida or Death And All His Friends’

Последната песна која до сега ја објавила Адел е темата „Skyfall“ од истомениот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, која годинава беше наградена и со најпрестижната филмска награда Оскар. Во април годинава се појавија информации дека Адел започнала со работа на новиот албум, но за сега нема никакви официјални информации околу новиот материјал.

 

Извор: NME.com



Врати се горе ↑