Свет adl

20 март, 2015

Адел го има најпродаваниот албум на милениумот

Најпродаваното издание за 2012 година во САД и на сите времиња на „Амазон, „21“ на Адел е и најпродаваниот албум на милениумот во Велика Британија. „21“, на кој се најде и најпродаваниот дигитален сингл во историјата на Велика Британија, помина 23 недели на британската листа и продаде 4,47 милиони примероци во земја со 64 милиони жители, со што го надмина и успехот на „Back To Black“ од Ејми Вајнхаус, пишува „Билборд“.

Овој резултат е особено импресивен ако се земе предвид и фактот што на милениумската листа се најде и нејзиниот прв албум „19“, кој се пласираше на 27 место. Меѓу десетте најпродавани се најдоа и албумите на Ејми Вајнхаус, Џејмс Блант, Леона Луис, Дајдо, „Битлси“, Мајкл Бубле, Дејвид Греј, Лејди Гага и „Колдплеј“.

10 најпродавани албуми на милениумот во Велика Британија

1. Adele, “21” (Xl Recordings)
2. Amy Winehouse, “Back To Black” (Island)
3. James Blunt, “Back To Bedlam” (Atlantic)
4. Leona Lewis, “Spirit” (Syco Music)
5. Dido, “No Angel” (Arista)
6. Beatles, “1”(Apple Corps)
7. Michael Buble, “Crazy Love” (Reprise)
8. David Gray, “White Ladder” (East West)
9. Lady Gaga, “The Fame” (Interscope)
10. Coldplay, “A Rush Of Blood To The Head (Parlophone)



Врати се горе ↑