Свет WINNERS+adele+golden+globes

14 јануари, 2013

Адел доби Златен Глобус за „Skyfall“

Големиот хит за најновиот филм за агентот Џејмс Бонд, нумерата „Skyfall“ на британската пејачка Адел победи во категоријата Најдобра оригинална песна на седумдесеттото доделување на наградите Златен Глобус, кое се одржа синоќа во Лос Анџелес. Покрај Златниот глобус, песната е номинирана во истата категорија и за престижниот Оскар, а дали и таа златна статуетка ќе оди во рацете на оваа успешна млада пејачка, ќе дознаеме во февруари.

Иако беше најавено дека за прв пат по породувањето Адел ќе настапи на овие доделувања, тоа не се случи. Да се надеваме дека оваа извонредна песна ќе ја чуеме во живо барем на Оскарите. Во продолжение погледнете го говорот кој го одржа Адел кога ја прими наградата, а со оглед на тоа што пред само неколку месеци стана мајка, таа изгледа одлично.

Фото: Getty Images 



Врати се горе ↑