31 јануари, 2013

Адам Левин и Кендрик Ламар во новиот сингл на „The Lonely Island“

Американската комичарска трупа „The Lonely Island“, деновиве го објави новиот сингл насловен „YOLO (You Only Live Once)“, најавувајќи го третиот албум кој треба да излезе во текот на годинава. Во новата нумера гостуваат лидерот на групата Марун 5, Адам Левин и раперот Кендрик Ламар.

Триото составено од Акива Шафер, Џорма Такон и Енди Самберг е познато по комичните видео записи кои се вистински хитови на ЈуТјуб, а до сега соработувале со имиња како што се Џастин Тимберлек, Лејди Гага, Ники Минаж, Снуп Дог, Ејкон и други. Новиот сингл беше премиерно претставен на 26-ти јануари во шоуто Saturday Night Live, а на истиот ден беше објавен и видео записот за истиот. Погледнете како изгледа сето тоа.



Врати се горе ↑