Свет adam-lambert-cape-town

17 ноември, 2012

Адам Ламберт со обработка на Лени Кравиц

Американскиот пејач Адам Ламберт, кој нам ни е можеби најпознат со неговиот сингл „Whataya Want From Me?“, во рамките на неговата турнеја на која го претставува материјалот од последниот албум „Tresspasing“, на настапот во јужноафриканскиот град Кејп Таун се претстави со уште една точка – обработката на големиот хит од 1993 година „Are You Gonna Go My Way“ од Лени Кравиц. Како што пишува Billboard, дури и кожната јакна со реси која ја носеше пејачот потсетува на некој дел од гардеробата на Кравиц, а оваа обработка ја опишува како „апсолутно извонредна“. Во продолжение погледнете го настапот на Ламберт и неговиот бенд.

 

 



Врати се горе ↑