Аудио

3 јули, 2017

Адам Ламберт се враќа со „Two Fux“

Рок химна за живеење на животот по свои правила, вака може да се опише новиот сингл на американскиот пејач Адам Лаберт, кој воедно е најава за неговиот 4. по ред студиски албум што ќе го наследи „The Original High“ од 2015 година.

„Овој пат чувствувам дека имам сила да бидам тоа што сум и таму каде што сум, без потреба да се правдам за тоа. Цврсто застанувам на нозе со цел да ги инспирирам моите обожаватели да излезат од status quo“, вели 35-годишниот пејач за темата насловена „Two fux“, која можете да ја слушнете во продолжение.

Покрај работата на соло материјал, Ламберт од 2011 година настапува и како вокалист на легендарниот бенд „Квин“, со кој неодамна ја започна и големата светска турнеја што ќе заврши во март следната година и во чии рамки ќе одржат вкупно 62 концерта во Северна Америка, Европа и Австралија.

 



Врати се горе ↑